| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски судии криеле имот и пари – антикорупциска ги опоменува

presuda

Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека ги прибира и анкетните листови за имотната состојба на носителите на судската власт.

Комисијата наведува дека 26 носители на јавни функции во судството дале непотполни податоци во анкетните листови и не пријавиле промена на имотната состојба. Затоа, Комисијата, во согласност со своите надлежности, повела прекршочни постапки и поднесено барања за испитување на имотната состојба до Управата за јавни приходи.

ДКСК истакна дека секое службено лице, а тоа значи и секој судија, има законска обврска да пријави промена на имотната состојба во рок од 30 дена од настанатата промена бидејќи секое несовпаѓање на пријавената со фактичката состојба е предмет на постапување на ДКСК.

Државната комисија и во наредниот период ќе продолжи со целосните системски и други проверки на анкетните листови поднесени од носители на јавни функции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top