Целиот свет беше шокиран по смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори. Многумина од неговите поранешни соиграчи и противници се простија на емотивен начин од него, а во медиумите се појавија информации дека сепак не починал од срцев удар, туку станувало збор за нешто друго.
Откако утрото не се симнал на појадок, членови од тимот заминале да го побараат, но по гласното тропање на вратата, повиците на телефоните и се останато, следувала паника. Масажерот повикал доктор и вработен во хотелот, кој успеал да ја отвори вратата.
Биле тоа драматични и ужасни моменти. Астори лежел во креветот, делумно покриен, а докторот не се ни обидел да го живее зашто било јасно дека е мртов.
Веста веднаш му им била соопштена на соиграчите, а тренерот бил шокиран со оваа информација. Заминал во собата 118 каде што престојувал Астори и почнал да плаче.
Фиорентина во хотелот „Ла Ди Морет“ пристигнала во сабота околу 16.30, играчите и техничкиот персонал потоа го гледале натпреварот Лацио – Јувентус, па потоа Наполи – Рома.
Околу 22.30 по разговорот со соиграчите, Астори заминал во собата кај Марко Спортиело, одиграле натпревар на „Плејстејшн“, а околу 23.00 часот заминал да спие.
– Во мојата соба ги остави копачките и кога го видов тоа, му пишав да дојде и да ги земе. Но ми кажа дека ќе го направи тоа наредното утро, изјавил Спортиело.
Копачките останале каде што ги оставил и заедно со останатите работи на несреќниот дефанзивец, ги собрале карабињерите и ги предале на семејството на починатиот играч.
(извор – Спорт1)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.