Раководството на италијанскиот прволигаш Фиорентина, донесе одлука редовно да ја исплаќа платата на нивниот поранашен капитен, починатиот Давиде Астори, на неговата жена и ќерка, до крајот на нивниот живот.
Астори почина ноќта саботата кон неделата во хотелот во Удине, каде што од 15 часот требаше да го предводи тимот на Фиорентина на гостувањето кај Удинезе во италијанската Серија А. Смртта на 31-годишниот фудбалер го потресе фудбалскиот свет, а италијанската фудбалска федерација во неделата ги одложи сите натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.