| четврток, 6 декември 2018 |

Каљари и Фиорентина го повлекоа бројот 13 во чест на Астори

Калчолигашите Каљари и Фиорентина ќе го повлечат од употреба дресот со број 13 во спомен на одбранбениот фудбалер Давиде Астори кој почина ноќта сабота кон недела.

31-годишниот фудбалер почина во хотелската соба во Удинe каде Фиорентина требаше да му гостува на Удинезе.

Пред да игра за Фиорентина, Астори настапуваше за Каљари од 2008 година, а потоа замина во Рома во 2015 година. Истражните органи во Италија почнаа истрага за смртта на Астори, а резултатите од неговата
обдукција се уште не се објавени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top