Серена Вилијамс игра страшно добро и со 33. победа во низа се пласира во третото коло на Вимблдон, турнир на кој ја брани титулата и го посакува шестиот трофеј.
Денеска Американката лесно со 6-3, 6-2 ја елиминира Каролин Гарсија од Франција и се проби во третата рунда. Серена е непоразена од февруари кога во Доха го загуби финалето од Викторија Азаренка. Сега патот кон одбрана на титулата и е расчистен по испаѓањето на три главни конкурентки, Шарапова, Ивановиќ и Азаренка.
Серена покрај атакот на титулата на Вимблдон има шанса да го урне и рекордот на постарата сестра Венус од 35 победи по ред, поставен во 2000 година. Тоа е најдобриот скор на едноподруго победи на една тенисерка во новиот милениум. Следна противничка на Вилијамс e Кимико Дате-Крум, убедливо највозрасната учесничка на турнирот со 42 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.