Поранешната ѕвезда на Интер и актуелен играч на Ал Гарафа, Весли Снајдер официјално објави дека става крај на својата кариера во националниот тим на Холандија. Играчот прекинува со настапите на меѓународно ниво на возраст од 33 години.
Тој е рекордер по натпревари за „лалињата“ со своите 133 дуели, откако го надмина претходниот рекордер Едвин ван дер Сар, кој има 130 натпревари.
Како дел од холандскиот национален тим, Весли стана освојувач на сребрениот медал на Мундијалот во 2010 година и бронзениот на оној во 2014 година. Тој исто така постигна 31 гол за својата татковина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.