| четврток, 6 декември 2018 |

Наместија ли Галатасарај и Генчлербирлиги? (видео)

snajder

Неколку турски медиуми во денешните изданија побараа да биде покрената истрага околу вчерашниот натпревар од турскиот шампионат меѓу Галатасарај и Генчлербирлиги кој го добија домаќините со 1-0 со голот на Весли Снајдер.
Со трите бода Галатасарај направи голем исчекор кон титулата пред конкурентите Фенребахче и Бешикташ.
Резултатот и бодовите се сосема очекувани на страната на Галата, но чудно е однесувањето на гостинскиот голман кој при шутот на Снајдер не се ни обиде да ја одбрани топката, дури и ги повлече рацете.

– Голманот сигурно по мечот заминал да се види со раководството на Галата, за „израмнување на сметките“. Срамота – беше само еден од бројните коментари во турската спортска јавност.

Најпогодени дефинитивно се Фенербахче и Бешикташ, кои по овој триумф на Галата ги загубија скоро сите шанси за титулата, но тешко е да се поверува дека ќе следи реакција каква што посакуваат овие два клуба без поконкретни докази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top