| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО – ДПМНЕ со реакција: СДСМ заборави дека аплаудираа и славеа кога се палеа слики од Иванов (видео)

СДСМ го достигна врвот на лицемерието и потценувањето на јавноста. Пред неполни две години Зоран Заев и неговите соработници аплаудираа и славеа кога се палеа фотографии од Претседателот Ѓорге Иванов. Разулавените хулигани тогаш не застанаа само на палење фотографии, туку демолираа и палеа и државни институции, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ по денешото сооптение на СДСМ за случајот со запалената слика на Заев во Австралија.

– Сега истите тие ги омаловажуваат и навредуваат Македонците ширум светот дека се примитивци и ги поистоветуваат со еден изолиран случај, само заради тоа што изразуваат несогласување со деструктивните политики на актуелната власт. Напротив, Македонците не се примитивци и имаат легитимно право да изразат револт и да се спротистават на тргувањето со највисоките национални интереси.

– Срамно, дури и за СДСМ. Граѓаните го паметат насилничкото и недемократско однесување на Заев. Македонскиот народ си ја сака Македонија и затоа оваа антидржавна и ненародна власт мора да замине, стои во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top