| четврток, 6 декември 2018 |

Имате мерак да играте во Англија? Уплатете 20 илјади фунти и настапете за Маклесфилд

Имате ли мерак да играте фудбал во Англија и тоа за клуб што настапува во официјалните лиги на oстровот? Сега ви се нуди можност да настапите на официјален меч и тоа десетина минути во дресот на Маклесфилд, а услов е да уплатите 20 илјади фунти. И секако да сте на возраст од 18 до 35 години. Познавање на фудбалската игра не е услов, а рангот на натпревари е англиска конференција, што е петто по квалитет натпреварување во Англија.

Управата на Маклесфилд дојде до оригинална идеjа како да собере 100 илјади фунти потребни за опстанок на клубот. Само петмина да се пријават, со уплата од 20 илјади фунти, клубот што е основан во 1874 година ќе ја дочека 139. сезона во англиските лиги.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top