На протестот на иселениците во Австралија за зачувување на уставното име, неколкумина од оние кои излегле на протест запалија слика од премиерот Зоран Заев.
Macedonian diaspora in Australia burned Zoran Zaev picture … #Traitor #Macedonia #greece @VladaMK @ZoranZaev @kezhmanprvi pic.twitter.com/qsxy09OM4Q
— #Мјау (@MjaySuperStarYo) March 4, 2018
За Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора, „палењето на сликата на премиерот Зоран Заев во Австралија од страна на неколку поединци од македонската дијаспора, за мене е чин на примитивизам“.
„Чин кој е последица на националистичката и изолациска политика на претходната власт, базирана на поделби, омраза и страв, која за жал беше поддржана од дел од дијаспората. Таа политика последните 11 години ги загрози државните интереси и ја доведе земјата до раб на распад.“ – вели Адеми.
„Оваа влада за кратко време ја врати Република Македонија во центарот на градење регионална соработка и ги унапреди меѓународните односи. Македонската дијаспора е исклучително важна во овој процес, и наместо да биде алатка за партиски цели, очекувам да биде мост на поврзување помеѓу Македонија и светот. Тоа се луѓето кои најдобро знаат дека западно европските вредности се истовремено и македонски вредности, и затоа најдобро можат тоа да го покажат на домашната и меѓународната јавност.“ – истакнува Адеми и притоа им заблагодари на прогресивните исленици од Македонија низ светот, за кои вели дека се „вистински борци за македонските интереси – Македонија да биде развиена демократска држава, поврзана со светот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)