Македонската ракометна репрезентација на Македонија со победа од 24-23 против домаќинот Турција, го заврши настапот во фазата по групи на Медитеранските игри.
Домашната селекција имаше максимален ефект од три победи во првите три средби во Адана и сигурен пласман во полуфиналето, што го искористија нашите ракометари за втора победа на турнирот. Ќе разигруваме за пласман, а не се изборивме за настап во битката за медали.
По првото полувреме во израмнета игра резултатот беше нерешен, 9-9. Во сличен ритам се продолжи и во второто полувреме, но, како што одминуваше времето, концентрацијата во одбраната опаѓаше, па двете селекции сѐ почесто го наоѓаа патот до мрежата. На крајот, поснаодливи беа нашите ракометари и славеа со еден гол разлика.
Дарко Георгиевски со седум гола беше најефикасен во таборот на Македонија. Филип Лазаров постигна шест погодоци, додека Стоилов петпати беше прецизен. Како четвртопласирани во групата ги завршивме настапите во групата на ракометниот турнир, на кој забележавме две победи и два порази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


