| четврток, 6 декември 2018 |

Во енергетиката имаме поразителни резултати кои уриваат негативни рекорди (ВИДЕО)

Eден од основните столбови на функционирање на државата претставува енергетиката, со силна и развиена енергетика ќе имаме силно и развиено стопанство, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој со жалење констатира дека во изминатиов период не можеме да се пофалиме со исклучителни резултати на ова поле, напротив со поразителни резултати, резултати кои што уриваат негативни рекорди.

-Доколку го погледнете диспечерскиот извештај на МЕПСО за производстото што го оствариле државните електрани во последниот квартал од 2017 година, ќе видите дека производството во последниот квартал во 2017 година е за околу 12% послабо отколку во истиот квартал во 2016 година. Трендот на намалено производство на електрична енергија во Електрани на Македонија продолжува и во првите два месеци од  2018 година. Ако го споредите јануари 2018 година со јануари 2017 година, ќе видите намалено производство за околу 26%. Намаленото производство значи увоз на електрична енергија и намалена ликвидност на АД Електрани на Македонија за околу 5,5 милиони евра. Вториот показател којшто, исто така, негативно влијае врз развојот на електроенергетскиот систем во Република Македонија, е опишан во мониторинг-извештајот на Европската енергетска заедница за напредокот на реформите што ги спроведува секоја држава, вели Мицкоски во видеообраќањето.


Мицкоски, кој е машински инженер, објаснува дека за Република Македонија карактеристични се 4 столбови: првиот е развојот на пазарот на електрична енергија или т.н. спот маркет дивелопмент; вториот претставува прекугранично балансирање или урамнотежување – крос бордер балансинг; третиот претставува регионална алокација на прекугранични капацитети и четвртиот претставува интерсекторски мерки што треба да се усогласат. Во ниту еден од овие четири столбови, по кои се квантифицира напредокот во реформите во електроенергетскиот систем, констатира Мицкоски, немаме напредок. Немаме напредок од бомбастично најавуваните реформи за време на Самитот во Трст одржан минатата година.

-Оваа криминална и неспособна влада треба да замине. Доаѓа нова надеж за Република Македонија!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top