Ако е тоа изјавено од било кој поединец, без разлика како се вика и без разлика чиј член е, тоа апсолутно не е ставот на партијата. Ставот на партијата беше соопштен, јасно и гласно пренесен на јавноста, дека ВМРО-ДПМНЕ не ги организира тие протести, но ВМРО-ДПМНЕ го почитува елеметнарното и загарантирано со Устав демократско право на граѓаните на Република Македонија, без разлика дали се политички определени или не се политички определени да протестираат. И тука немаме никаква дилема. Ниту ги охрабрува, ниту ги обесхрабрува. Тоа е Уставно загарантирана одлука на секој граѓанин во Р.Македонија, без разлика дали е политички определен или неопределен, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, оградувајќи се од изјавите на Богојески.
Во текот на вчерашниот ден, Петар Богојески, дел од групата реформатори на социјалните мрежи ги навреди граѓаните кои протестираа за одбрана на името дека нанеле штета на државата, за подоцна да ги етикетира како „рубља патриоти“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)