| четврток, 6 декември 2018 |

Пукна десетгодишната врска: Се разведоа Вера Мештеровиќ и Игор Кралевски

После 10 години брак ексмисицата Вера Мештеровиќ и фудбалерот Игор Кралевски се разделија! Манекенката заедно со децата се отселила од нивниот заеднички дом уште кон крајот на минатата година, а моментално во тек се судските рочишта.

Веста за разводот ја потврди и самата Вера, но не сакаше да ги коментира причините притоа потенцирајќи дека нема намера да прави сензација на сметка на својот приватен живот и неуспех.
“Не сакам да коментирам ништо што е поврзано со разводот”, кусо рече Мештеровиќ која моментално работи како бренд амбасадор и рекламира нокти и препарати за нега на кожа и лице.

Од бракот парот ги има синот Андреј и ќерката Јована, а од првиот брак зад себе фудбалерот го има и синот Теодор кој живее во Сплит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top