Кога ќе помислите на афера, сигурно помислувате на вашиот партнер во “акција” со некоја друга. Но, не е се така црно – бело…
Верувале или не, најчестиот вид на неверство не вклучува допир со друга личност. Имено, станува збор за – емоционално неверство.
За емоционално неверство се сметаат платонските или пријателски чувства кон некоја личност, кои постепено прераснуваат во романтични и сексуални, а веќе сте во врска со друга личност.
Овој вид на неверство е неверојатно чест. Околу 45 отсто од мажите и 35 отсто од жените признале дека некогаш имале емоционална афера. Тоа е речиси 20 отсто повеќе отколку луѓето кои признале дека физички го изневериле партнерот.
Една од причините зошто емоционалната афера е толку честа, е тоа што многумина воопшто не го сметаат тоа за неверство. Проблемот е во тоа што многу луѓе не забележуваат дека кон својот пријател или пријателка почнале да негуваат поинакви чувства.
Психологот доктор Виџајета Шајн вели дека губењето на емоционалната поврзаност меѓу партнерите е најдобрата “подлога” за емоционално неверство.
“Можеме да вечераме со својот партнер, а истовремено да се допишуваме со “пријателот” на Фејсбук. Овој вид на оддалеченост додека сме физички блиску, ни овозможува да криеме тајни од личноста која ни значи. Тоа може да биде многу опасно, бидејќи мислиме дека сме блиски со некого, а всушност не сме.
И покрај тоа што многумина ова воопшто не го сметаат за неверство, тоа може да направи многу поголема штета во врската отколку физичкото неверство. Околу 88 отсто од жените рекле дека би се чувствувале многу повредено и загрижено ако партнерот ги изневери на овој емоционален начин, отколку на физички.
Експертите за врски велат дека е многу полесно луѓето да се впуштат во ваков вид на “неверство”, отколку во физичко, но дека постојат начини за да се спречи тоа.
Тие советуваат да разговарате со партнерот за тоа што значи за вас неверство и што можете заедно да направите за уште повеќе да се зближите, бидејќи партнерите после извесно време се земаат еден со друг “здраво за готово”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.