-За разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ парите од скапите и задолжувања расипнички и криминално ги трошеше на барок, споменици и луксуз, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со јавните финансии ја стабилизира економијата и обезбедува повеќе пари за граѓаните – реагираат од СДСМ на обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ.
-Планот за економски раст и економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати. Зголемена е минималната плата за работниците во сите индустрии која изнесува 12.000 денари, се решава долгогодишниот проблем со стечајните работици, следува зголемување на платите во образованието, армијата и здравството, зголемена е поддршката за претпријатијата, а непродуктивните трошоци се драстично намалени.Потпишани се договори со осум странски компании, инвестиции во вредност од 73,5 милиони евра без да биде потрошен ниту еден денар на граѓаните за промоција и маркетинг.Потврда за исправноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ е фактот што во 2017 година јавниот и државниот долг забележаа пад за првпат по 2009 година, а неодамна, меѓународната кредитна агенција „Фич“ го подобри кредитниот рејтинг на Македонија од негативен во позитивен – велат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)