| четврток, 6 декември 2018 |

Советникот на Курто Дудуш заврши во притвор

Судот одреди 30 дена притвор за советникот на градоначалникот во општина Шуто Оризари кој зема мито од 1.000 евра за да легализира дивоградба. Кривичното дело за кое го товари обвинителтвото е примање награда за противзаконито влијание.

– Осомничениот, како вработен во општината Шуто Oризари, на 27 јануари во службените простории на општината примил претходно договорена награда во висина од 1 000 евра. Наградата осомничениот ја договорил и примил за, искористувајќи го своето влијание, да изврши посредување во вршење на службено дејствие кое не би требало да се изврши. Имено, тој ги побарал средствата за да се донесе Решение за утврдување правен статус на бесправно изграден објект, соопштија од јавното обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top