| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Бучевиќ доаѓа во Скопје

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје организира семинар „Станете свесен креатор“, на кој ексклузивно за првпат во Македонија гостува Ана Бучевиќ, најдобрата, најпопуларната, највлијателната и најчитаната мотивациска говорничка и авторка на просторите на поранешна Југославија! Семинарот ќе се одржи на 12.5.2018 година, со почеток во 9 часот, во хотелот „Холидеј ин“.

Ана Бучевиќ почнала активно да работи како мотивациски говорник во 2012 година со цел да ја подигне свеста за дејството на Законот на привлекувањето врз животот на поединците, т.е. да ги потсети луѓето на нивната способност за креирање на сопствениот живот. Досега одржала преку 30 семинари во целиот регион и мотивиралa илјадници луѓе, кои најдобро сведочат за успешноста на нејзината работа.

Во 2015 година станала и коосновач за Хрватска на академијата „BigU“, меѓународна едукациска онлајн-платформа со најпознатите светски предавачи на подрачјето на деловниот и личниот развој. Активна е и „онлајн“, на каналот „Сафари на духот“ на „Јутујуб“, на кој речиси секојдневно објавува мотивациски видеа. Каналот во моментов брои преку 17 милиони прегледи.

Котизацијата за учество на семинарот изнесува 4 000 денари. Бројот на учесници е ограничен, сите заинтересирани треба да направат резервација на сајтот seminar.antolog.mk, а билетите за учество може да се купат и во книжарница „Антолог“ на ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 (веднаш до Гимназијата „Јосип Броз Тито“) или по банкарски пат.

Досега во издание на „Антолог“ се објавени три книги од Ана Бучевиќ: „Сафари на духот – книга за мудроста на воспитувањето деца“, „Во вортексот на остварените желби“ и „Што (не) е љубов“, а овој семинар е ексклузивна можност за читателите во Македонија лично да присуствуваат на семинарот за кој на целиот Балкан постои огромен интерес.

Доколку сакате да ја креирате својата стварност и да станете сведок за чудата во својот живот, Ана Бучевиќ преку овој семинар ќе ви помогне да ги остварите своите цели.

Можете да привлечете пари, здравје, љубов, изобилство и среќа… Можете да бидете и да имате сè што ќе посакате затоа што и сте дошле на овој свет за да искусите кои сте навистина! КРЕАТОРИ НА СОПСТВЕНАТА СТВАРНОСТ!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top