Директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски изјави дека се расчистува случајот со палењето на грчкото знаме вчера на протестите во Скопје.
Според Велковски полицијата идентификувала лице кое учествувало во палењето на знамињата на двете држави вчера на протестите пред ЕУ-Инфо цемтарот и Собранието на РМ и дека полицијата обезбедува докази за поднесување пријава против сторителот.
Велковски информираше дека од пред два дена полицијата располага со нови сознанија во врска со убиството на Јанушев и дека се во фаза на обработка.
Во однос на последните разбојништва во банките како и на денешната во Шпаркасе банка, директорот на БЈБ рече дека полицијата работи на откривање на сторителите и дека се на добар пат за расчитување на грабежот во филијалата на Комерцијална банка кој се случи неодамна.
Полицијата, според Велковски, во моментов го испрашува лицето вработено во Општина Шуто Оризари, кое вчера беше притворено и потврди дека се работи за мито, а покрај него се испрашуваат и други лица поврзани со случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.