| четврток, 6 декември 2018 |

Сите во Атлетико се сложни: Облак е најдобриот голман во светот

oblak

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид ја одбрани позитивата од првата осминафинална средба против Баер Ливеркузен и со тоа обезбеди место меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на шампионите.

На втората средба на „Висенте Калдерон“ немаше голови, а за тоа голема заслуга имаа двата голмани Јан Облак и Бернд Лено кои беа на многу високо ниво. Особено импресивна беше тројната интервенција на Словенецот за когo неговиот клупски колега напаѓачот Антоан Гризман, а и сите во тимот, сметаат дека е најдобриот голман во светот.

– Поради тоа ние велиме дека е најдобриот голман на светот. Тоа го покажува на секој натпревар и тоа повторно го направи – рече Гризман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top