| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за тeшката сообраќајка во која едно лице загина, а две се повредени

Триесет и пет годишниот скопјанец К.Л. е лицето кое го загуби животот во сообраќајна несреќа која денес околу 10:10 часот се случи на магистралниот пат Градско – Прилеп.

Од МВР информираат дека во сообраќајната незгода учествувале товарно моторно возило „Волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(30) од Велес и такси возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од К.Л.(35) од Скопје.

-Во незгода К.Л. починал на местото на настанот, додека сопатничките во возилото, М.И.(64) и А.И.(31), двете од Битола, се здобиле со повреди и се пренесени во болница во Кавадарци, информираат од МВР.

-Патнички автомобил со скопски регистираски ознаки движејќи се по магистралниот пат Градско Прилеп од засега непознати причини поминува на левата страна и удира во товарно моторно воизло со велешки регистарски ознаки при што возачот на патничкиот автомобил загинал на местото на настанот, а двете сопатнички со тешки телесни повреди се пренесени во Кавадаречката болница- информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-На местото на настанот интервенирала екипа на Противпожарната територијална единица Кавадарци, која поради сериозноста на сообраќајката ги употребила ножиците за сечење, за кратко време ги ослободиле вратите и извлекле повредените- информираше командирот Илчо Богевски.

-Во тешка сообраќајка со две тешко повредени жени, ги извлековме додека шоферот беше приклештен и починат на лице место. Пристапивме со маказа, извршивме сечење и проширување на лимаријата, за да можат повредените да се стават на носилка- изјави Богевски.

-Веднаш потоа со кавадаречката брза помош, повредените се пренесени во Општа болница Кавадарци. Во моментов се наоѓаат во стабилна здравствена состојба со скршеници и повреди по телата- информира дежурниот хирург Дано Кулев.

-Повозрасната пациентка, мајката е со повреда во предел на главата со поткожно крварење во рпеделот на челото и со рани по лицето, беше во шок состојба кога беше донесена во болницата,ја дадовме потребната терапија со инфузија, ја стабилизиравме, а имаше и повреда како фрактура на прсти на десната дланка, додека помладата пациентка, нејзината ќерка со скршеници на лева и десна натколеница, со скршеници на десен рачен зглоб но во стабилна состојба – вели д-р Кулев.

Екипи на Полицијата вршат увид на местотo на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top