| четврток, 6 декември 2018 |

Сузана Гавазова се сврши – зетот ќе биде домазет

Фолкерката среќната вест ја сподели со пријателите на „Фејсбук“ менувајќи го статусот од слободна во свршена.

– Да точно е, се свршив. Не сум моментно во Македонија и не можам веднаш да ви откријам кој е избраникот, но можам да кажам дека сум пресреќнаа – изјави Гавазова за „Вечер“.

Триесет и четиригодишната пејачка откри само дека идниот сопруг не е од Македонија, но наскоро ќе се преселат тука и ќе живеат заедно во нејзиниот стан во Струмица.

– Не е Македонец. Таква ми била среќата. Ќе дојде да живее кај нас и тука ќе градиме семејство – додаде таа.

Фолкерката моментно се наоѓа на гости кај свршеникот, а веќе в петок среќната двојка ќе допатува во Македонија за да ја направи свршувачката. Веднаш штом ќе се врати, Гавазова ќе почне со подготовките за свадбата, која се очекува да се случи наесен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top