Извештајот за постмониторинг дијалогот со Македонија денеска е пред Парламентарното собрание на Советот на Европа. Во него се наведени сие сегменти од евроинтеграциите на Македонија, како борбата против корупцијата, Парламентот, Охридскиот договор, реформите, локалните избори.
Во извештајот стои дека иднината на Македонија е во ЕУ и во НАТО, со што се презентира најјасен став досега околу ова прашање, како и блокадата од Грција.
„ПССЕ жали што прашањето за името продолжува да го одложува отворањето на преговорите за членство во ЕУ иако за тоа има препорака од ЕК од 2009 до сега, како и членството во НАТО, без притоа Грција да ја почитува одлуката на Меѓународниот суд на правдата. ПССЕ се надева дека Грција ќе примени пофлексибилен приод кон решавање на ова прашање. ПССЕ ја повикува Македонија да го продолжи дијалогот под покровителство на ООН, како и да развива конструктивни соседски односи, со што придонесува за севкупната стабилност на регионот“, стои во извештајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
АВМУ со втор извештај: Медиумите неизбалансирани за референдумот, силно наклонети кон кампањата „За“
-
Генералниот секретар ба Советот на Европа го поздрави договорот меѓу Атина и Скопје
-
Ако ние навистина сме назадувале, тогаш не би добиле препорака за преговори (видео)
-
НБРМ:Стапката на реален раст на економијата минатата година изнесува 2,4 отсто


