| четврток, 6 декември 2018 |

Која е жената на која Кастро и бил најголемата љубов, но набрзо стигнала наредба: Убиј го!

Можеби и не постои ниту една историска личност која што преживеала толку голем број на обиди за убиства како кубанскиот лидер Фидел Кастро.

Атентаторите се служеле со најразлични методи за да успеат да го убијат, а меѓу нив била и неговата позната љубовничка – Марита Лоренц. Родена во 1939-та година во Бремен, имала само пет години кога заедно со нејзината мајка била одведена во концентрациониот логор Берген-Белцен.

После ослободувањето, неколку години таа со своето семејство живеела во Германија, за потоа да емигрира во Америка и да започне нов живот во Њујорк.

После војната, нејзината мајка работела за „ОСС“, разузнавачка служба која што ѝ претходеше на „ЦИА“, за американската војска и за Пентагон, а нејзиниот татко бил капетан на брод и работел за компанија која што организира крстарења.

Марита Лоренц како тинејџерка работела на тие бродови, а кога имала 19 години на еден од нив го запознала Фидел Кастро. Таа се заљубила во него на прв поглед, ја изгубила невиноста со Фидел и после неколкуте магични ноќи на бродот, Фидел Кастро останал запечатен во нејзиното срце.

За време на врската со Фидел таа останала бремена, а деталите за тоа што се случувало во следните години се нејасни, пред се поради нејзините контрадикторни изјави. Таа тврди дека Фидел е татко на нејзиниот син, но сепак никој не може да го потврди тоа.

Лоренц тврди дека додека била 7-ми месец бремена, Фидел Кастро ѝ рекол дека не сака да има ништо ниту со неа, ниту со нејзиното дете. Тогаш еден од неговите најблиски соработници ја удрил, по што се онесвестила, а Фидел исчезнал. Таа огорчена се вратила во Њујорк каде што веднаш била врбувана од ЦИА, чии што агенти ја убедиле да го убие Кастро.

После повеќенеделните обуки во Мајами, таа во текот на зимата 1960-та година заминала за Хавана за да ги реши „приватните прашања“ со Кастро. Планот бил да се сретне со него и да му стави отров во пијачката.

Сепак, откако се сретнала со него, таа сфатила дека не може да го стори тоа. Таа се сретнала со Кастро во неговата соба во хотелот „Хилтон“ во Хавана, но наместо да го убие, му го открила планот на ЦИА, по што се вратила назад во Мајами.

Историчарите тврдат дека имало повеќе од 600 обиди за убиство на Фидел Кастро. После ова, Кастро живеел уште околу половина век, пред да почине во 2016-та година во 90-та година од својот живот.

 

извор: koktel.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top