Посмртните останки на кубанскиот лидер Фидел Кастро беа положени денеска на приватна церемонија на гробишта во Сантјаго де Куба, колевка на револуцијата чиј предводник беше тој. Погребот е одржан откако кубанските официјални лица во последен момент се откажаа од плановите церемонијата да се пренесува во живо на телевизија.
На новинари од меѓународни медиуми им беше забрането присуство на погребот.
Претседателот на Куба, Раул Кастро синоќа предводеше масовен завршен собир во чест на својот брат на Плоштадот на Реолуцијата во Сантјаго нагласувајќи дека ќе го брани социјализмот и братството во државата.
Тој најави и дека кубанските власти ќе усвојат закон по барање на Фидел со кој ќе биде забрането улици да се нарекуваат по неговото име и во негова чест да се подигнуваат споменици, бисти и статуи. Фидел Кастро почина на 25 ноември на 90-годишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Погребот на Арета Френклин закажан за 31 август во Детроит
-
И небото плачело: Молк на погребот на Миша Огњановиќ, a сите гледале во детал кој тера солзи на очите!