| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ доби нови 27 директорски места

Владата на Република Македонија именувала дури 27 директори и заменици од редовите на коалицискиот партнер ДУИ. Ваквата одлука била донесена на вчерашната 56 редовна седница на Владата. Вицепремиерот Хазби Лика преку својот профил на Фејсбук ги објави имињата на новите директори и заменици, честитајќи им на изборот.

Во продолжение следуваат листата на нови директори и заменици од ДУИ:

1. Државен инспекторат за животна средина – Фејзула Спахија (директор)

2. Државен инспекторат за техничка инспекција – Екрем Буњаки (директор)

3. Државен инспекторат за транспорт – Руфат Хусеин (директор)

4. Државен инспекторат за шумарство и ловство – Ејуп Јахја (директор)

5. Биро за метрологија – Мерита Мустафаи (директор)

6. Биро за регионален развој – Рамиз Реџепи (директор)

7. Центар за управување со кризи – Агрон Буџаку (директор)

8. Агенција за стоковни резерви – Рези Абдурахмани (директор)

9. Канцеларија за државна индустриска сопственост – Сафет Емрули (директор)

10. Дирекција за задолжителни нафтени резерви – Улуси Беќири (директор)

11. Агенција за поддршка на развојот на земјоделството – Елгафар Јусуфи (директор)

12. Затвор Тетово – Мурат Рамадани (директор)

13. Академија за наставници – Амир Зилбеари (директор)

14. Биро за правна експертиза – Валде Џафери (директор)

15. Оддел за чување на книги – Бујар Дардишта (директор)

16. Биро за јавни набавки – Бардил Насуфи (директор)

17. Агенција за странски инвестиции – Вулнет Адеми (директор)

18. Дирекција за заштита и спасување – Екрем Зендели (заменик директор)

19. Дирекција за индустриски технолошки развојни зони – Асип Усенини (заменик директор)

20. Катастарска агенција – Муса Ибрахими (заменик директор)

21. Тело за ревизија на ИПА – Лиман Muhaxhiri (заменик главен ревизор)

22. Затвор Идризово – Феми Јонузи (заменик директор)

23. Затвор Скопје – Садуш Арифи (заменик директор)

24. Затвор Куманово – Мевлан Џемаили (заменик директор)

Во јавни акционерски претпријатија исто така се назначени неколку директори:

1. АД “Македонски енергетски ресурси” – Бајрам Реџепи

2. АД “Управување со водите на Македонија” – Илми Селами

3. АД “ГА-МА” – Рафис Алити

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top