| четврток, 6 декември 2018 |

Протест: Крај на преговорите за името, повлекување на Законот за јазиците (видео)

Со владиците Агатангел и Петар на чело почнаа протестите против промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Протестот на демонстрантите за промена на уставното име започна некаде по 18 часот пред Мисијата на Европската унија во центарот на градот. Неколку илјади граѓани оттаму протестниот марш го насочија кон булеварот „Свети Климент Охридски“ и улицата „Димитрие Чуповски“ каде масата во моментов се позиционира пред Собранието на Република Македонија.

Демонстрантите бараат крај на преговорите за името, повлекување на Законот за употреба на јазиците, повлекување на договорот за добрососедство со Бугарија и ослободување на притворените за настаните од 27 април во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top