Од ПСЖ денес потврдија дека бразилската суперѕвезда заработил скршеница на метатарзалната коска на стапалото поради која многу веројатно ќе го пропушти реваншот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Нејмар ја заработи повредата во мечот од француската лига против Олимпик Марсеј, кога незгодно го свитка стапалото и мораше да биде изнесен на носилки. Неколку дена подоцна, клубот потврди дека се работи за скршеница.
Постои можноста дека Нејмар ќе биде опериран, поради што ќе треба да пропушти околу два месеци од сезоната. Сепак, првичните резултати велат дека тој ќе пропушти најмалку две недели поради повредата и нема да биде дел од натпреварот против Реал Мадрид.
Францускиот тим треба да надополнува дефицит од 3:1 од првиот натпревар, кога тие најпрво поведоа, но потоа двапати Роналдо и еднаш Марсело ја погодија мрежата на Алфонс Ареола, со што се изборија за помирен реванш.
ПСЖ се наоѓа на врвот на табелата во француската лига, со 14 бода предност пред второпласираниот Монако.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“