Европската фудбалска унија (УЕФА) потврди денеска дека од следната сезона ќе има промена во формат на Лигата на шампионите чија суштина е големите клубови добијат предност во однос на малите.
ЛШ следните четири години ќе има 26 директни учесници (по четири од Шпанија, од Германија, Англија и Италија, два од Русија и Франција, и по еден од Португалија, Украина, Белгија, Турција, Чешка и Швајцарија, освојувачите на Лига Европа и на Лигата на шампионите), а останатите шест ќе биде од квалификации.
Во Групната фаза од ЛЕ ќе бидат вклучени 17 директни учесници, а новина е тоа што ќе постои шампионска патека (екипи елиминирани од ЛШ).
Квалификациите за Лигата на шампионите почнуваат на 26 јуни, а за ЛЕ два дена подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.