| четврток, 6 декември 2018 |

Конте открива колку килограми губи на секој натпревар (ВИДЕО)

Еден од најтемпераментните менаџери, Италијанецот Антонио Конте открива премногу се истоштува за 90-те минути додека стои покрај аут-линијата, па на крајот на натпреварот се чуствува уништено.

Италијанецот, кој во понеделник полни 48 години, емотивно ја доживува секоја секунда од натпреварите.

-Уништен сум кога ќе заврши натпреварот. Мислам дека губам 2-3 килограми за 90 минути – открива менаџерот на Челси.

-Се обидувам да ја пренесам сета моја пасија во работата. Знам дека во иднина ќе биде тешко да продолжам во ист стил. Да стоите покрај аут-линијата и да имате ваква страст, мора да имете многу сила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top