Шампионот на Франција го објави првиот извештај за повредата на Нејмар, кој дава дополнителен сомнеж за тоа дали Бразилецот ќе настапи на реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. ПСЖ синоќа доцна во вечерните часови излезе со официјално соопштение и го потврди она што веќе се знаеше, дека напаѓачот има дисторзија на скочниот зглоб.
Но исто така беше откриен и фактор кој до сега не беше познат. Нејмар има микро фрактура на петата метатарзална коска на стапалото.
„Светците“ не пренесуваат колку време Нејмар ќе биде надвор од стројот и дали тој ќе настапи на реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Обично за ваква повреда се паузира помеѓу три и четири недели, со што би било невозможно тој да настапи следниот вторник.
Но доколку состојбата на неговото стапало тоа го дозволи, не е исклучено заради важноста на мечот играчот да стисне заби и да игра. Со оглед на тоа од каква важност е средбата на „Паркот на принцовите“ на 6. март, се уште ништо не се отфрла. Сепак, овој потег носи голем ризик и закана од посериозна повреда, доколку фрактурата се прошири и биде потребна операција, Нејмар ќе паузира неколку месеци со што практично сезоната ќе заврши за него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.