Постар кумановец со метална прачка поместувал жица од далновод. Ударот на струјата го исфрлил несреќникот десетина метри. Кумановецот е жив, пренесен во болница со тешки повреди и изгореници на телото.
Како што информираат од МВР, се работи за 61-годишниот М.С. од Куманово, кој вчера наутро додека работел градежни работи во куќа, со метална прачка допрел жица од далновод, која била под напон при што се здобил со повреди.
Кумановчанецот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.