| четврток, 6 декември 2018 |

Цимерот го пронашол во бањата: Момче почина од струен удар во Тетово

policiska-lenta-1-640x425

Дваесетгодишниот Л.А. од Албанија вчера вечера починал, најверојатно, како последица на струен удар, во Тетово. Несреќата се случила на улицата „Дреновец“ во куќа каде што Л.А. престојувал со уште две лица, исто така, од Албанија.

Момчето влегло во бањата, а по некое време паднат на подот го пронашол неговиот пријател, кој излегол на улица и повикал помош. Смртта кај момчето била констатирана од лекар на Итна медицинска помош, која била повикана.

Увид на лице место бил извршен од полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top