Вчеравечер околу 21,20 часот во Медицински центар Струмица бил донесен починат 39-годишниот Ѓ.Ј.од с.Подареш-Радовиш. Истиот претходно на реката Стара Река, помеѓу селата Злеово и Владевци, ловел риби со помош на агрегат за електрична енергија, при што се здобил со струен удар.
Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.