| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се 5-те најопасни боксери во светот (Видео)

На 1. место на листата е 34-годишниот Филипинец Мани Пакјао.

Мани во својата кариера се има борено во 8 различни категории и во секоја од нив освојуваше титула. Тој е прецизен, брз и силен боксер и во 2009 година е прогласен за боксер на деценијата и за боксер на годината.

На 2. место е Британецот Карл Фроч. Тој е редок борач што го заслужува епитетот Војникот.

Фроч во своите борби изгледа како да нема страв од никого и дека може да се бори со кого било, во секое време. Тој е еден од најсамоуверените борци на денешницата.

На 3. место е Мексиканецот Хуан Мануел Маркинез.

За разлика од претходните боксери на листата, Хуан е боксер што тактизира и чека грешки на противникот и најчесто тоа му носи успех во кариерата.

На 4. место е Британецот Амир Кан, и тој има само 26 години, а веќе има освоено сребро на Олимписките игри во Атина кога имаше само 17 години.

Тој на 22 години стана светски шампион во категоријата валтер и му покажа на светот како се боксира.

На 5. место е Германецот со балкански корени Мухамед Хукиќ.

Тој е познат по својата упорност и има неколку борби во кои сѐ до последната секунда на мечот не се знаел победникот. Овој боксер нема некоја посебна боксерска техника, ама со помош на силната желба успева да победува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top