| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов се разбуди: Околу пладне почна да се чисти снегот што паѓа од вчера сабајле (ГАЛЕРИЈА)

Не е изненадување дека снегот, првиот пред истекот на зимата, нѐ изненади. Особено се изненадени градските власти во Скопје.

Иако снегот континуирано паѓа од вчера наутро, утринава главниот град на Македонија е целосно блокиран поради неисчистениот снег. Градските и општинските власти не се помрднаа да го исчистат снегот и да обезбедат чисти и безбедни улици за почетокот на работната недела.

Големи наслаги од снег нема само на споредните улици, туку и на булеварите. Движењето е бавно и опасно, механизацијата ја нема нигде.

Првите лопати заигра по скопските тротоари малку пред пладне, околу 11 часот. Фотографиите и видеоснимките во прилог се направени утрово, меѓу 10 и 11 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top