| четврток, 6 декември 2018 |

Mу ја гризела раката на полицаецот за да не ѝ напише казна (Видео)

Полицаец во Индонезија доживеа голема непријатност кога сопрел жена на мотор, бидејќи не носела кацига на главата. Таа претходно се обидела да побегне, но полицаецот успеал да ја застане за да ѝ изрече казна.

Жената го прекрши законот, бидејќи возела мотор без кацига на главата, а полицаец ја застанал, ѝ побарал документи и сакал да ѝ пише казна. На тоа жената започнала да го поттурнува полицаецот и му викала: “Ти купи ми кацига”!

Тој продолжил да инсистира и повторно ѝ ги побарал документите и возачката дозвола, а жената се качила на мотор и се обидела да побегне. Во обид да ја сопре, полицаецот застанал пред моторот.

Жената која буквално ги изненади луѓето наоколу, скокнала од моторот и започнала да ја гризе раката на полицаецот. Иако тоа го болело, полицаецот успеал да остане смирен, па на крајот и се насмеал. Сепак, жената била приведена и ѝ била изречена казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top