Најбрзиот човек на планетата, Јамајканецот Усеин Болт конечно ќе си го оствари сонот, откко на социјалните мрежи објави дека – потпишал за фудбалски клуб.
Болт, кој е светски рекордер на 100 и 200 метри, олимписки шампион светски првак, не го откри клубот за кој потпишал, туку преку видео снимка најави дека името на клубот ќе биде јавно објавено во девет часот по македонско време.
Јамајканецот е голем навивач на Манчестер јунајтед, а од поодамна се најавуваше дека ќе оди на проба во Борусија Дортмунд, како дел од договорот на германскиот бундеслигаш со спонзорот „Пума“, кој е официјален спонзор и на Болт.
Но, најверојатно Болт нема да потпише за еден од овие два бивши европски шампиони, туку новиот клуб е сосема трет. Така барем се најавува низ медиумите во светот.
Дотогаш, сите ќе чекаат да минат следните 24 часа за да дознаат каде ќе игра фудбал најбрзиот човек на светот.
I've signed for a football team! Find out which one this Tuesday at 8am GMT 👀 pic.twitter.com/iFTlWxfy7x
— Usain St. Leo Bolt (@usainbolt) February 25, 2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)