| четврток, 6 декември 2018 |

Молк на „Паркот на принцовите“, Нејмар изобличен од болка, изнесен на носила (ВИДЕО)

ПСЖ го доби дербито со Марсеј со 3-0, но „Светците“ доживеаја голем пех откако во финишот на мечот Нејмар беше изнесен на носилки со солзи во очите

Избраниците на Емери уште еднаш демонстрираа моќ во Франција и лесно се справија со лутиот ривал Марсеј. ПСЖ со погодоците на Мбапе и Кавани, како и авто-голот на Роландо, триумфираше со 3-0.

Но голем пех за „Светците“ е повредата на Нејмар. Бразилецот лошо го извитка скочниот зглоб на десната нога и беше изнесен на носилки со солзи во очите.

Оваа повреда доаѓа на само 9 дена пред реваншот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, па сосема очекувано сите на Паркот на Принцовите замолкнаа кога Нејамр легна на теренот и побара лекарска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top