По 26 години Русија освои златен медал во хокеј на мраз, но на церемонијата на доделувањето на медалите немаше руско знаме ниту ечеше руската химна. Барем не од разгласот во салата. Сепак, руските хокеари решија да ги преземат работите во свои раце.
Олимпискиот комитет на Русија беше суспендиран на 5 декември поради системски допинф на спортистите на Игрите во Сочи во 2014 година, но МОК, со посебни критериуми, дозволи 168 спортисти на русија да учествуваат на Игрите во Пјонгјанг под олимписко знаме.
Миронов, Хабибулин, Биков, Коваленко, Жамонов, Зубов и компанија освоија змато во Албервил во 1992 година. Оттогаш се до Пјонгјанг хокераски турнир на олимпијадите не завршил со звуците на руската химна. Интересно е што ниту во 1992 како и денеска, во 2018 година, Русија не го освои златото под името на својата држава. Во Албервил настапи како ЗНД (Заедница на независни држави), а во Јужна Кореја како ОАР (спортисти од Русија).
That awkward moment when the Not Russian anthem plays as the Not Russian flag is raised to the rafters. pic.twitter.com/IOFALoL1Re
— Bryan Armen Graham (@BryanAGraham) February 25, 2018
Кога заврши натпреварот околу 1000 навивачи останале во салата за да го чекаат доделувањето на медалите и заедно со играчите да ја отпеат руската химна, секако за инает на МОК. Играчите се договориле да ја пејат химната, открил и Иља Коваљчук, 34-годишен хокеар, на кого ова му е петти настап на олимипадите и прво злато.
-Уште кога имав пет години почнав да тренирам хокеј и оттогаш сонувам за олимписко злато. Го остварив сонот и на татко ми, изјавил Коваљчук.
Русија е втората репрезентација која во Пјонгјанг стигна до злато со почетен пораз. Русите изгубија од Словаците и потоа ги победија сите со гол-разлика 21-3.
Прва репрезантација на која ѝ успеало ова е канадската во 2002 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)