| четврток, 6 декември 2018 |

Илјадници маршираа во Москва во знак на сеќавање на убиството на Немцов: „Овие куршуми се во сите нас“ (ФОТО+ВИДЕО)

Илјадници луѓе денес маршираа низ Москва во знак на сеќавање на трите години од убиството на лидерот на руската опозиција Борис Немцов.
Демонстрантите на челото на колоната носеа плакат со напис „Овие куршуми се во сите нас“.

Двајца претседателски кандидати на претстојните избори во Русија, Ксенија Собчак и Григориј Јавлински учествуваа на денешниот марш.

Во маршот учествуваше и опозицискиот лидер Алексеј Навални на кој не му е дозволено да се кандидира на претседателските избори бидејќи претходно беше осуден на петгодишна условна затворска казна за проневера на пари.


Борис Немцов, водечкиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, беше убиен во 2015 во Москва, на мост во близина на Кремљ.

Московскиот окружен суд во 2017 го осуди убиецот на опозицискиот политичар Борис Немцов, Заур Дадаев на 20 години затвор. Дадаев, поранешен припадник на специјалните чеченски полициски сили, беше прогласен за виновен дека пукал во Немцов на Големиот москворецки мост.

Поротата одлучи дека сите петмина обвинети за убиството се виновни. Второобвинетиот Тамерлан Ескерханов беше осуден на 14 години затвор, и му беа одземени сите воено почести и ордени. Браќата Анзор и Шадид Губашеви беа осудени на 19, односно на 16 години зтавор, додека Хамзат Бахаев беше осуден на 11 години затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top