Украина е една од најсиромашните земји во Европа, но таму паровите кои не можат самите да имаат деца доаѓаат за да најдат кандидатки за сурогат-мајки, кои ќе им родат дете.
На ваков чекор Украинките се решаваат поради понудените примамливи суми, но според последната студија на Би-би-си, постои можност тоа да премине во масовна експлоатација на овие жени за сурогатство.
Жената која зборувала за Би-би-си станала првпат сурогат-мајка на возраст од 21 година, откако и самата станала мајка на свое дете.
Според законите во Украина, жена може да биде сурогат само ако веќе има биолошко дете, бидејќи се смета дека на тој начин тие не се приврзуваат со бебето што го раѓаат и полесно го предаваат на родителите.
Во оваа држава сурогатството е едно од најевтините во светот, а Украина е т.н. популарна дестинација каде уште од 2015 многу парови од светот ја избрале „мајката“ која ќе го роди нивното бебе.
Соговорничката на Би-би-си веќе еднаш била сурогат-мајка на пар од Словенија, а сега се подготвува истото да го направи и за пар од Јапонија.
Според властите во Украина, подемот на сурогатството е директна последица на тешката рецесија од пред неколку години. Исто така, сурогатството е достапно и за парови од Украина кои поради најразлични причини не можат да зачнат дете.
Понекогаш цените на оваа услуга достигнуваат и меѓу 30.000-45.000 долари. Според проценките, годишно во Украина се раѓаат 400-500 деца од сурогат-мајки.
Сурогат-мајката нема право ниту на старателство, ниту во иднина да го гледа детето што го родила, затоа што во изводот се впишуваат веднаш имињата на оние кои плаќаат за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)