Договорот потпишан – добрососедството на дело. Наш читател од Република Србија, кој не го сфаќа добрососедството на бугарски начин, ни ја испрати оваа снимка направена на Саемот за туризам, што се одржува во Белград.
Србинот, кој целиот свој живот верувал дека ако ги следи звучите на „Лихнида кајче веслаше“, ќе стигне во македонскиот бисер Охрид, доживеал културолошки шок – следејќи ја мелодијата, која ечела во саемската халата во Белград, тој се нашол на штанд на кој се промовира Банско. Ниту Охрид, ниту кајче, ниту езеро, ниту Лихнида – Банско на планина во Бугарија.
Рака на срце, сфаќаме како се чувствувал нашиот читател, но за жал не сме изненадени. Иако Лихнида попрво ќе се окози отколку што ќе завесла кајче во Банско, не сме изненадени од упорноста на источниот сосед да посегне по Охрид. За песната и храната веќе и да не зборуваме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


