Некогаш најбараниот светски терорист Карлос Шакал ја доби и втората доживотна затворска казна за терористички напад во Франција извршен пред 30 години откако судот во Париз ја одби неговата жалба.
Шеесет и едногодишниот Венецуелец, чие вистинско име е Рамирез Санчез, поднесе жалба на пресудата изречена во 2011 година за четири одвоени напади на два воза, железничка станица и на улица во Париз во кои загинаа 11 луѓе, а беа ранети 150.
Судот во жалбената постапка, исто така, одлучил дека мора да одлежи најмалку 18 години од доделената доживотна казна.
Шакалот се сметаше за симбол на студената војна против империјализмот. Тој пред изрекувањето на пресудата во четиричасовното обраќање рече:
„Цел живот се борев против тероризмот. Ние не сме терористи, ние сме борци за слобода“.
Рамирез издржува доживотна казна затвор од 1997 година за убиство на двајца француски полицајци и нивниот информатор во 1975 година, а стекна светска слава откако ги киднапираше министрите на ОПЕК во Виена во име на борбата за слободна Палестина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад
-
САД: Терористите подготвуваат уште еден 11 септември