Филмот „Не допирај ме“ (Touch me not) на режисерката Адина Пинтилие е добитник на годинашната „Златна мечка“ за најдобар филм на 68. Берлински филмски фестивал, реши жири-комисијата.
Филмот „Touch me not“ е заеднички проект на кинематографи од Романија, Германија, Чешка, Бугарија и Франција, а станува збор за експериментален филмски проект кој ја доби награда и за најдобар дебитантски филм на Берлиналето.
Претседателот на годинешното жиро, германскиот режисер Тоим Тикер пред прогласувањето на победникот изјави дека жирито оваа година не го прогласи најдобриот филм „според актуелните синеастички критериуми, туку според тоа на каде филмот оди“.
Големата награда на жирито ја доби филмот „Шолја“ (Twarz) на режисерката Малгоржата Шумовска. Себрената мечка за најдобра режија ја доби американскиот режисер Вес Андерсон за анимираниот филм „Остров на кучиња“ (Isle of Dogs), а наградата Алфред Бауер за филм кој отвора нови перспективи ја доби Марсело Мартинеси за филмот „Наследнички“(Las herederas).
Наградата за најдобар актер ја доби Французинот Антони Бажон, кој игра тинејџер наркозависник во драмата „Молитва“(La priere) на режисерот Седрик Кан, додека признанието за најдобра женска улога ѝ беше доделена на 68-годишната Ана Брун во парагвајско-уругвајската копродукција „Наследнички“.
Наградата за на жирито за најдобро сценарио го добија Мануел Алкала и Алонсо Руизпаласиос за мексиканскиот фил, „Музеј“. Сребрената мечка за извонреден уметнички придонес го доби Русинката Елена Окопнај за костимиграфијата и продукцискиот дизајн на руско-полско-спрската копродукција „Довлатов“.
„Не допирај ме“, инаку, ги следи искуствата на една жена којашто минува низ различни сексуални терапии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.