| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен 68. Меѓународен филмски фестивал во Берлин

Со свечена проекција на филмот „Остров на кучињата“ на американскиот режисер Вес Андерсон синоќа беше отворен 68. Меѓународниот филмски фестивал во Берлин. Ова е првпат во 68-годишната историја на Берлинале тој да биде отворен со анимиран филм.

Свеченоста на отворањето беше во знак на рамноправноста на половите и кампањата против сексуалната злоупотреба #metoo.

Претходно, градоначалникот на Берлин Миахаел и германската државна секретарка за култура Моника Гритерс предупредија на борбата за рамноправноста на половите во сенка на холивудските скандали околу злоупотреба на моќта од страна на мажите во филмската индустрија, пренесуваат агенциите.

На свеченото отворање беше и екипата на Андерсон: Грета Гарвиг, Бил Мари и Брајан Кренистон.

Оваа година, со вкупно 385 филма и скоро илјада проекции, Берлинаре го потврдува својот имиџ на фестивал за широка пубилика. Во главната, натпреварувачка програма ќе бидат прикажани 24 филма од кои 19 конкурираат за главната награда, „Златна мечка“.

Наградите ќе бидат доделени на 24 февруари, а фестивалот завршува еден ден подоцна со проекциите за публиката.

Македонија ќе биде претставена со копродукцискиот филм „Кога дрвата паѓаа“, кој ќе има премиера на 20 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top