Домаќинот Бразил е првиот финалист на Купот на конфедерациите, по победата над Уругвај од 2-1. Утре во второто полуфинале светскиот првак Шпанија и Италија ќе одлучуваат за противникот на Бразил во завршниот меч.
Големиот ривалитет меѓу двата јужноамерикански фудбалски гиганти вечерва во „Бело Хоризонте“ донесе добар фудбал, а во центарот на вниманието повторно беше Нејмар. Одличниот напаѓач на Бразил, со неколку добри потези, повторно потврди дека ќе биде големо засилување за Барселона.
Мечот почна спротивно од очекувањата на домаќините, со пенал за Уругвај. Диего Форлан ја презеде одговорноста, но неговиот некогашен соиграч од Интер, Жулио Цезар, му го одбрани ударот од белата точка во 14. минута.
Бразил казни со водечки гол во 41. минута кога Нејмар упати удар кон голот на Муслера, а топката се одби до осамениот Фред, кој лесно погоди за 1-0 за Бразил. За него тоа беше осми гол за Бразил во последните 10 настапи.
По паузата Уругвај тргна по израмнување, а Едисон Кавани по само три минути им донесе радост на гостите. Со прецизен удар од косо, го совлада Цезар користејќи го лошто исфрлање на топката на Силва и израмни на 1-1.
До самиот финиш во израмнета игра и двете селекции имаа свои шанси за победа, но Бразил беше поумешен и посреќен. Нејмар изведе корнер, а Палињо со глава ја погоди мрежата на Муслера, за победа на „кариоките“. Тие ќе имаат можност по третпат во низа да го освојат пехарот на Купот на конфедерациите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“



