Дваесетина убоди од крлеж неделава се регистрирани во општата болница во Охрид. Од Центарот за јавно здравје информираат дека до сега не е забележано ниту едно заболување од овој инсект, јавува Охридњуз.
Лекарите апелираат ако граѓаните забележат убод од крлеж итно да побараат лекарска помош што е можно побрзо и да не се обидуваат сами да го отстрануваат.
Доколку сами го отстранувате крлежот постои опасност бидејќи може неуспешно да го извадите, односно дел од рилката да остане во кожата. Местото на убодот набљудувајте го најмалку месец. Појавата на црвенило е аларм за итно јавување на доктор за понатамошен третман, вели д-р Јованка Стурлакова Коровешовска од Центарот за јавно здравје Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


