| четврток, 6 декември 2018 |

Белгија ѝ отвора можност на Македонија за пласман на СП во Бразил?

Медиумите во Белгија ја враќаат надежта на Македонија за пласман на Светското првенство во фудбал што ќе се одржи следната година во Бразил.

Во Брисел веќе неколку дена се води дебата за судбината на земјата по неодамнешната победа на изборите на сепаратистичката партија Нова фламанска алијанса. Оваа партија се залага за конфедерација и за референдум за независност на Белгија.

Неименуван извор од ФИФА за белгискиот весник „Соар“ рекол дека е прерано да се зборува за вакво сценарио, но ако се реализира, ќе биде нереално да се очекува репрезентација на непостојна држава да учествува на Светско првенство.

Во случај да се исполни црното сценарио за распад на земјата, Хрватска како второпласирана директно би се квалификувала за мундијалот, а Србија, Шкотска, Велс и Македонија би биле во игра за третото место, кое води во бараж. Иако во моментот Србија е трета, а Македонија последна на табелата, разликата меѓу овие четири репрезентации е само три бода.

Во 1992 година на тогашното Европско првенство во Шведска победи репрезентацијата на Данска откако на турнирот таа влезе на местото на Југославија, која се распадна во пресрет на континенталниот турнир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top