Маж на восраст од околу 70 години беше уапсен вчера, откако во саботата со нож нападнал тројца баратели на азил за јужна Германија, изразувајќи на тој начин протест против миграциската политика на Берлин, соопшти денеска германското Јавно обвинителство.
– Маж со германско и руско државјанство, кој досега не и е познат на полицијата, од вчера е во затвор поради обид за убиство на три лица – дело поттиканто од политички и расистички мотиви, се наведува во соопштението на Обвинителството во градот Хајлброн.
Напаѓачот, кој бил во пијана состојба, ги нападнал тројцата баратели на азил пред црква во центарот на градот. При нападот се повредени 17-годишен Авганистанец, 19-годишен Сириец и 25-годишен Ирачанец.
Авганистанецот се здобил со серизони убодни рана, а другите двајца мигранти се полесно повредени.
Мажот бил брзо спречен од минувачи. При апсењето тој рекол дека сакал да изрази протест против миграциската политика на Германија, која од 2015 година прими над еден милион мигранти, главно од Сирија, Ирак и Авганистан.
Веднаш по нападот мажот бил задржан на кратко и ослободен со покренато обвинение за нанесување на телесни повреди. По неколкудневна истрага, тој е осомничен за обид за убиство, поради што вчера е повторно притворен.
Засега не е утврдено дека напаѓачот е поврзан со некое екстремно десничарско движење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.